Воопшто не е сјајна ситуација во актуелниот европски шампион Вардар, кој минува низ тешка финансиска криза. Викендов, „црвено црните“ на домашен терен ги очекува важен натпревар против Мотор Запорожје за иднината во Лигата на Шампиони. Еден од милениците на публиката во „Јане Сандански“, Тимур Дибиров на социјалните мрежи испрати молба до симпатизерите на Вардар да дојдат во што поголем број и да го бодрат клубот во најтешките мигови последниве неколку години.

  • Драги фанови, Знам дека сте многу разочарани но сега е моментот да се обединиме и да покажеме дека Вардар бил и ќе биде секогаш. Вардар, може да победи секогаш и секого во било кој момент. Затоа ве молам да ни дадете поддршка на дуелот со Мотор Запорожје и уште еднаш да покажаеме што е љубов. – напиша на социјалните мрежи рускиот ракометар.

Шрајкот и револтот во Вардар за неисплатените лични доходи ескалираше вчера, кога Даинис Кристопанс и Павел Атман договорија трансфери во други клубови. Летонецот се пресели во бундеслигашот Фуксе Берлин, додека Атман замина во Спартак Москва. Голманот Калиф Гедбан договори трансфер од следната сезона во шпанската Асобал лига.

Натпреварот Вардар – Мотор Запорожје се игра в сабота со почеток во 17:30 часот.

OhridNews