Македонскиот ракметен првак Вардар преку Б групата ќе атакува на трофејот во Лигата на шампиони. По трите сезони по ред во Топ-8 црвено-црните посакуваат пласман на завршницата во Келн.
-По квалитет можеби Б групата е послаба, но ако одиш во осминафинала сигурно ќе налеташ на силен тим, од друга страна и другите ќе ја гледат силата на Вардар споредувајќи не со лани, бидејќи игравме во четвртфиналето. Но, нема добри и лоши екипи во ЛШ. Ќе има доста нови играчи во секоја екипа, па треба да се почека да видиме како ќе изгледаат сите противници – вели Тимур Дибиров за официјалната страна на клубот.
Вардар мечевите во Лигата на шампиони ги започнува на гостувањето кај Кристијанштад.
Распоред на натпревари за играње во Б групата од ЛШ
21-25.09 Кристијанштад – Вардар
28.09 – 01.10 Вардар – Мешков
05-09.10 Целје – Вардар
12-16.10 Вардар – ПИК Сегед
19-23.10 ППД Загреб – Вардар
09-13.11 Вардар – Кјелце
16-20.11 Рајан Некар – Вардар
23-27.11 Вардар – Рајн Некар
30.11 – 04.12 Кјелце – Вардар
08-12.02.2017 Вардар – ППД Загреб
15-19.02.2017 ПИК Сегед – Вардар
22-26.02.2017 Вардар – Целје
01-05.03.2017 Мешков – Вардар
08-12.03.2017 Вардар – Кристијанштад