Ракометарите на Вардар покажаа карактер, не потклекнаа во пеколната атмосфера во Вараждин арената и го совладаа Загреб (26-24) за пласман во финалето каде ги очекува меч со Веспрем.
– Ја посакувавме победата против Загреб, а тоа најдобро се виде на теренот. Останавме должни од минатата сезона кога комплетно потфрливме на завршниот турнир. Ние осетивме, а сите вие видовте дека нема лесни противници во фајнлфорот. – рече Тимур Дибиров кој за мечот со Веспрем додаде. – Нашата цел и желба пред турнирот во Вараждин беше титулата. Една од двете задачи успешно ја завршиме, против Веспрем одиме на втората.
„Црвено црните“ во финалето против унгарскиот гигант ќе ја бркаат третата титула во регионалната СЕХА лига.
Фото: Екипа.мк
OhridNews