Полскиот ракометен вицепрвак Висла Плок ќе биде ривал на Вардар во првата фазата од елиминациите во Лигата на Шампиони. Во овој двомеч „црвено црните“ влегуваат како фаворити иако во текот на оваа сезона Висла пред своите гледачи ја совлада Барселона.
– Добивме една тврда екипа за противник, но ако ние сакаме да направиме голем успех сезонава и ако се гледаме себеси во фајналфор, мора да играме со силни екипи. Со тешки натпревари да го држиме нивото во кое играме, дури и да станеме посилни со секој натпревар. Затоа не е важно со кој играме, сѐ додека одиме со големи чекори напред. Не се плашиме од никого. – рече рускиот репрезентативец Тимур Дибиров, а пренесува „Спортмедиа“.
Токму руското лево крило заедно со Игор Карачиќ и голманот Арпад Штербик се најголемите адути на „црвено црните“ во походот кон пласман на „фајлнфор“.
Ohridnews