Супер ѕвездата на Вардар, Тимур Дибиров и актуелниот селектор на српската репрезентација Дејан Периќ ќе бидат специјални гости на ракометниот камп на Кирил Лазаров во Охрид, кој ќе се одржи од 22 до 28 јуни.


Капитенот на македонската репрезентација, Лазаров на секој тренинг ќе го пренесува своето животно и ракометно искуство и заедно со своите гости и најдобриот стручен тренерски кадар за млади кадегории ќе работи на запознавање со ракометната игра, но и усовршување преку индивидуален пристап со секој учесник.

Покрај кампот на Лазаров во јуни ќе се одржи и кампот на Андреа Лекиќ, која е актуелна членка на македонскиот ракометен првак Вардар.

Мх.П.