Рускиот интернационалец Тимур Дибиров го продолжи договорот со македонскиот првак Вардар и „црвено црн“ ќе биде до 2020 година.

Сезонава крилниот ракометар одлично го предводи составот на Вардар во Лигата на Шампиони каде обезбедија пласман во ТОП 16 и СЕХА лигата и очекувано беше продолжување на доворот.

Покрај Русинот соработката со Вардар ја продолжија Алем Тоскиќ, Илија Абутовиќ,  Игор Карачиќ и чуварот на мрежата Страхиња Милиќ.

Мх.П.