Аргентинскиот репрезентативец и ас на Јувентус, Пабло Дибала не може никако да се излекува од коронавирусот.
Дибала и неговата девојка Оријана Сабатини позитивно беа тестирани на 21 март. Фудбалерот и партнерката поминаа самоизолација и карантин, но тестот на Дибала се уште е позитивен. До сега, Дибала е тестиран четири пати и исто толку неговиот тест е позитивен.
Аргентинецот немал никакви симптоми, а докторите најавија интензивно лечење додека два тестови на ковид -19 не бидат негативни.
Дибала не е единствен фудбалер во Италија со ваков случај. Ист проблем има резервниот голман во Аталанта, Марко Спортиело кој повеќе од месец дена се бори со коронавирусот.
OhridNews