Поради ривалството со Лионел Меси, португалскиот ас Кристијано Роналдо не е омилен во Аргентина. „Јавната тајна“ на Роналдо му ја открил соиграчот од Јувентус, Пабло Дибала. Дибала кој е стандарден репрезентативец во селекцијата на Аргентина е еден од ретките фудбалери кој ја дели соблекувалната со Роналдо и Меси.

Со Роналдо имам разговарано на многу теми. Тој има неверојатно искуство. Може само да се научи од него. Еднаш правевме муабет за фудбалот во нашите земји и му кажав дека во мојата земја не е омилен. Му реков дека го мразиме поради неговото играње и однесување на терен. За нас во Аргентина, Меси е најдобар фудбалер. – рече Дибала.

После доаѓањето на Роналдо во Јувентус сите очекуваа Дибала да добие карта во еден правец. Но се случи спротивното, тандемот Роналдо – Дибала да функционира беспрекорно и да биде ударна игла во нападот на „старата дама“.

OhridNews