Прекинувањето на првенството во Франција и целокупната ситуација во фудбалот поради вирусот Ковид -19 многу лошо влијалело на аргентинскиот репрезентативец, Анхел ди Марија.
Фудбалерот на Пари Сент Жермен имал сериозни проблеми со расположението односно многу често имал променливо расположение. Ди Марија паднал во депресија и со денови чудно се однесувал со своите најблиски, кои многу се уплашиле и стравувале за последиците.
Ди Марија кризата ја надминал откако властите ја повлекле одлуката за целосен карантин. Поранешниот фудбалер на Бенфика, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед почнал да излегува со сопругата и децата и депресијата исчезнала.
ПСЖ во прекинатата сезона ја освои титулата во Франција.
OhridNews