Дисциплинската комисија во францускиот фудбал му изрече драстична суспензија на Анхел ди Марија за учеството во хаосот во дерби пресметката помеѓу Пари Сент Жермен и Олимпик Марсеј.
Ди Марија ќе паузира четири натпревари. Аргентинецот не доби никаква опомена од главниот судија, но камерите го уловија како плука противнички играч. Дисциплинците во Првата лига во Франција после разгледување на случајот го казнија Ди Марија.
Најголема казна доби Курцава кој ќе паузира шест натпревари, а со суспензии поминаа Нејмар, Паредес од ПСЖ односно Бенедето и Амаци од Олимпик Марсеј. Слаба оценка за судењето доби главниот арбитар.
OhridNews