Холивудската актерска ѕвезда Леонардо Ди Каприо треба да сведочи во судската расправа по тужбата за клевета која ја поднесе едно од лицата кои се земени за прототип за главните ликови во филмот на Мартин Скорсезе од 2013 година „Волкот од Волстрит“ (The Wolf of Wall Street), јавува „Макфакс“.

Станува збор за тужбата поднесена во 2014 година во судот во градот Сентрал-Ајлип, во американската сојузна држава Њујорк, од поранешниот службеник на брокерската фирма „Stratton Oakmont“ околу која се одвива дејствието во филмот, Ендју Грин. Тој тврди дека послужил како прототип за ликот на Ники Коскофф, кој во филмот го толкува актерот Пи Џеј Бирн. Според Грин, авторот на филмот го претставил него во лошо светло, уништувајќи му го угледот, поради што тој од филмската компанија „Paramount Pictures“ бара да му исплати отштета од над 50 милиони долари.

Во врска со тужбата, судијата Стивен Лок одлучил дека Леонардо Ди Каприо, кој во филмот ја толкува насловната ролја на брокерот Џордан Белфорт, мора да се појави пред судот и да даде исказ. Грин бил другар од детството на Белфорт, кој е основач на „Stratton Oakmont“ и чиишто мемоари се земени како основа за сценариото на филмот.

Одбраната вели дека повикувањето на актерот да даде исказ пред судот е бесмислено, бидејќи тој не учествувал во пишувањето на сценариото и не решавал дали наводните клеветнички информации за Грин ќе бидат вклучени во филмот. Но адвокатите на вториот, сепак, се уверени дека Ди Каприо разговарал со режисерот на филмот Мартин Скорсезе и со сценаристот Теренс Винтер, кои своевремено изјавиле дека за време на подготовките за снимањето постојано се среќавале со Ди Каприо, разговарајќи со него за идниот филм.

Датумот на кој Ди Каприо треба да се јави пред судот за да сведочи, уште не е познат.

Работата на филмот „Волкот од Волстрит“ траеја околу шест години, а тој заработи околу 400 милиони долари и беше номиниран за Оскар во пет категории. Филмот не освои ниедна од престижните статуетки, но сепак го освои помалку значајниот Златен глобус само во една категорија. Наградата му припадна токму на Ди Каприо за најдобра главна машка улога.

OhridNews