Убедливиот пораз од Лацио во градското дерби (3-0) во Серија А и елиминацијата од Порто во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони ја прелија чашата во Рома, која одлучи да менува на позицијата тренер во екипата.

Клубот му се заблагодари на Еузебио ди Франческо, а како главен кандидат за презамање на тренерската функција се споменува Клаудио Раниери. Франческо во Рома пристигна во јуни 2017 година и успеа да го одведе клубот до 1/2 финалето во ЛШ, додека Раниери пред неполна недела со отказ ја заврши авантурата во Фулам.

Искусниот италијански стратег во Рома работеше од 2009 до 2011 година, а во далечната 1973 година има и играно за тимот од Рим. Раниери ќе нема ниту малку лесна задача во Рома, бидејќи клубот води битка за пласман во ТОП 4, а формата на фудбалерите е во надолна линија последниве две три недели.

OhridNews