Радискиот ди џеј Питер Ван де вир поставил нов светски рекорд во најдолго пуштање музика на радио, кој изнесувал осум дена и седум ноќи.  По настапот кој траел 185 часа, Питер изјавил дека се чувствувал сјајно, но и дека мислел само на спиење и спиење. Пуштал музика наменета за студентите кои учат за испити, бидејќи радио станицата била ориентирана кон младите.

Радио станицата MNM побарала од луѓето кои работат за Гинисовата книга да го потврдат неговиот рекорд. Во финалниот час, Стефано Венери кој претходно го држел рекордот му го честитал на својот колега новиот рекорд. Венери во мај 2009 година пуштал музика 183 часа. Правилата биле многу строги. На Питер му била дозволена пауза од пет минути на секој час, вклучувајќи и одење во тоалет, потоа ниту еден од гостите не смеел да зборува подолго од една минута, а песните не смееле да бидат подолги од шест минути.