Американската водителка Џулијана Ренсик на својот Инстаграм профил објавила фотографија од емисијата „Е вести“ на која, наводно, води вести гола. Џулијана вели дека на овој начин одговорила на предизвикот кој што и бил поставен од страна на Џоан Риверс, водителката на емисијата „Фешн Полис“. Имајќи обзир дека на сликата телото на Џулијана е цензурирано, не можеме да потврдиме дека навистина водела гола вести.

Нејзионот колега, Џејсон Кенеди е прилично рамнодушен, но сепак можеби се работи за фактот што тој е навикнат да ја гледа својата колешка која дава се од себе за работата.
Џулијана Ренсик, неодамна имаше двократна мастектомија поради рак на дојките, а подоцна со својот маж, Бил Ренсик, кој по потекло е од Хрватска, добија син со помош на жена сурогат.