Со улогата во филмот „Свети Валентин“ Џулија Робертс го оправдала статусот за една од најплатените холивудски звезди. За улога од само шест минути заработила вртоглави 2 милиони евра.


Режисерот Гери Маршал, со кој соработувала и во филмот „Прекрасна Жена“ ја ангажирал и во новиот филм, а се шушка дека остатокот од актерската екипа не заработил ниту приближно колку неа. Својата задача ја завршила за само три дена. Иако има најмала улога, сцените во кои се појавува се најкористени за промоција на филмот.