Режисерот на американската серија ”Gli”, Рајан Марфи, објавил дека планира нов филмски проект со актерката Џулија Робертс. Марфи истакнал дека ќе ја режира филмската адаптација на претставата ”The Normal Heart”, а покрај Џулија во филмот ќе играат уште и Алек Болдвин, Мет Бомер и Џим Парсонс. Персонс претходно играл во бродвејската обнова на оваа претстава која зборува за ширењето на ХИВ вирусот за време на осумдесеттите години од минатиот век.
Џулија Робертс ќе ја игра лекарката Ема Брункер, Бомер ќе игра моден новинар кој е хомосексуалец, додека Парсонс ќе игра улога на активист за правата на хомосексуалците. Џулија Робертс наскоро ќе ја видиме и на големиот екран во улога на лошата кралица во филмот „Снежана и седумте џуџиња“, во режија на познатиот индиски режисер Тарсем Синг. Овој филм би требало да доживее премиера во март оваа година.