Актерката Џулија Робертс не се појавила на погребот на својата полусестра Ненси бидејќи наводно направила приватно збогување во кругот на семејството. Откако пријателите на Ненси Робертс на почетокот на месецов се збогувале на погребот кој го организирал нејзиниот вереник, а кој актерката и нејзината мајка Бети Лоу го пропуштиле, холивудската убавица се оправдала со фактот што организирала приватна миса, и дека тоа била причината за нејзиното непојавување.

да потсетиме, Ненси на почетокот на февруари се предозирала, а во писмото кое го оставила ги обвинила својата мајка и сестра бидејќи патела од депресија. Во писмото Џулија на нарекла кучка со која со години не разговарала, додавајќи и дузина непријатни зборови за својата славна полусестра.