Студиото Колумбија ќе сними филмска адаптација на бестселерот “Eat, Pray, Love“, во кој главна улога ќе има Џулија Робертс.
Филмот, кој ќе го режира Рајан Марфи е заснован врз мемоарите на Елизабет Гилберт, ‘Eat, Pray, Love: One Womans’ Search for Everything Across Italy, India and Indonesia’, кои се објавени во 2006-та година.
Книгата зборува за една омажена жена која навидум има се во животот, но во еден момент сфаќа дека не живее живот каков што сака. Затоа ќе се разведе од сопругот и ќе тргне на патување по светот.
Славната актерка во последно време поради семејните обврски ја нема на големите екрани, а последната улога ја има остварено во драмата на Мајк Николс – ‘Charlie Wilson’s War’во кој партнер и беше Том Хенкс.