Холивудската актерка Џулија Робертс одбивала да оди на венчавката на нејзината полусестра, бидејќи не и се допаѓал нејзиниот вереник, но и се плашела дека ќе мора да ја плати целата церемонија. Нејзината полусестра Ненси е верена за Џон Дилбек, кој според некои наводи ја запросил само да би можел да и зема пари.
Познато е дека Џулија Робертс нема баш добро мислење за избраникот на Ненси, и дека е апсолутно уверена дека доколку се појави на свадбата Ненси и Џон ќе и бараат уште повеќе пари. Ненси, која е поврзана со Џулија преку нејзината мајка, работи како асистент на продуцентот во серијата “Gli”. Токму Џулија и ја обезбедила таа работа.