Американскта актерка Џулија Робертс ќе ја игра лошата кралица во филмот „Снежана“ на индискиот режисер Тарсем Синг, пренесле странските агенции. Од филмската куќа рекле дека Џулија била нивниот единствен избор за таа улога. Според нив, таа била икона и занеле дека работата ќе ја заврши на начин на кој тоа не би го можел никој друг.
Сценаристи ќе бидат Мелиса Волак и Џејсон Келер, а филмот ќе биде модерна верзија на познатата бајка на браќата Грим. Поточно кажано, Снежана и седумте џуџиња ќе бараат начин да и се одмаздат на лошата кралица поради убиството на таткото на Снежана.