Ќерката на баптисти и католици, Џулија Робертс изјавила дека ја променила верата и дека стнала хиндуистка. Промената на нејзината вера се случила во еден момент додека го снимала својот нов филм кој обработува теми од хиндуизмот. Сега по завршувањето на филмот ја учи својата нова вера во Индија и на Бали.
Филмот ја прати судбината на една разведена жена која е во посета на Италија поради прекрасната храна, Индија поради духовноста и Бали поради љубовта. Џулија пред неколку месеци изјавила дека таа и сопругот своите три деца редовно ги водат на духовни обреди. Се надева дека во идниот живот ќе се реинкарнира во нешто тивко, по стресот кој и го донел овој живот.