Актерката многу се исплашила откако нејзината мајка Бети минатата година била на операција на срцето поради инфаркт. Тогаш Џулија во Индија го снимала својот нов филм и не можела да биде близу до мајка си. По тоа се заколнала дека ќе ја пресели поблизу до себе, а сега тоа и ќе го направи.
Во следните неколку месеци Бети од Џорџија ќе дојде во Калифорнија, каде ќерката ќе и купи куќа. Освен што сака да биде поблизу до неа додека е болна, Џулија сака нејзината мајка да поминува повеќе време со неа, нејзиниот сопруг и нејзините три деца.