Холивуд е опкружен со гласини дека американската актерка Џулија Робертс е бремена по трет пат. гласините започнале по објавувањето на папарацо фотографија на која покрај широкиот џемпер кој го носела се гледа дека актерката има заоблен стомак.

Папарацо фотографиите биле направени пред куќата на родителите на Дени Модер, сопругот на Џулија, а приказните за бременоста на актерката биле зголемени од изборот на фустанот на доделувањето на наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност. Џулија носела црн широк фустан, а додека траела церемонијата таа ги извадила штиклите. Ако навистина е бремена, актеркта на 46 години би можела да биде една од ретките жени кои успеале да останат бремени толку доцна. Од славните личности после четириесеттата дете успеале да добијат Мадона, Хали Бери, Ума Турман и Мараја Кери.