Добитничката на наградата на Американската филмска академија, актерката Џулиен Мур се согласила да учествува во последниот дел на серијалот “The Hunger Games” кој ќе биде прикажан во Ноември 2014 година.


Оваа вест беше објавена на социјалната мрежа Твитер од страна на компанијата “Lionsgate”.

Филмот кој ќе го носи името “The Hunger Games: Mockingjay” ќе биде поделен во два дела, кои својата премиера треба да ја доживеат на 21 Ноември 2014 и 22 Ноември 2014.

Во меѓувреме вториот дел од серијалот насловен “The Hunger Games: Catching Fire” ќе се појави во киносалите на 22 Ноември оваа година.