Основачот на сајтот „Викиликс“, Џулиан Асанж, ќе има своја телевизиска емисија под наслов “The World Tomorrow”, која ќе се емитува на една руска телевизија од следната седмица. Асанж и телевизијата чија програма се емитува на англиски јазик најавиле дека емисијата започнува следната седмица, и дека на гостите ќе им бидат поставувани контраверзни прашања.

Емисијата ќе почне да се емитува од вторник, а веќе предизвикала големи контраверзии во медиумите. Асанж моментално е во домашен притвор, па не е баш сосема јасно како ќе ја води емисијата и како ќе ги носи гостите. Тој моментално чека одговор од британскиот суд на неговата жалба против неговото предавање на шведските власти, каде е обвинет за сексуално вознемирување.