Македонската џудистка, Катерина Николоска загуби во првата борба на Олимписките игри во Рио де Женеиро, а беше поразена од турската натпреварувачка Бусра Катипоглу.
Катерина Николоска (63 кг) е поразена во продолжението на борбата на Олимписките игри во Рио од Турчинката Бусра Капитоглу, и тоа со казнен поен.
Николоска максимално добро се бореше против посилната противничка и во регулраниот дел борбата заврши без поени, а во продолжението доби казнен поен и го загуби мечот.
Претходно, настапи на Олимпијадата во Рио имаа стрелачката Нина Балабан и пливачката Анастасија Богдановски која го сруши државниот рекорд.
OhridNews