Џорџ Вашингтон, првиот американски претседател, уште во далечната 1789 година позајмил две книги во библиотеката во Њу Јорк, кои не се вратени до ден денес. Вашингтон, доколку би бил жив, со задоцнувањето би требало да плати околу 220 илјади долари на библиотеката.
Претседателот ги позајмил книгите „Дисертација на меѓународните односи“ и „Транскрипти на британскиот горен дом“. Библиотеката известила дека нема од владата на САД да бара враќање на долгот, но би сакале да им бидат вратени книгите.