Австралискиот режисер Џорџ Милер, автор на филмскиот серијал „Лудиот Макс“ ќе претседава со жирито на овогодинешниот Кански фестивал. Режисерот чиј последен филм во серијалот за Лудиот Макс беше прикажан надвор од натпреварувачката селекција минатата година, на тоа место ќе ги наследи браќата Коен, кои претседаваа со жирито минатата година. Канскиот фестивал ќе биде одржан од 11 до 22 мај. Џорџ во соопштението после објавата рече дека е неизмерно задоволство да се биде во центарот на фестивал полн со историја кој ги открива бисерите на светскиот филм, и страсно да се расправа со колегите во жирито. Додава дека тоа е голема чест која не би ја пропуштил за ништо на светот.

 

Режисерот, продуцент и сценарист Џорџ Лукас е познат по серијалот „Лудиот Макс“ кој ја лансира кариерата на Мел Гибсон. Првиот филм од серијалот излезе во 1979 година и имаше светски успех, па следеа продолженијата од 1981 и 1985 година, како и последниот четврти филм, кој беше прикажан минатата година после 30 години пауза. Четвртото продолжение доби десет номинации за овогодинешниот Оскар кој се доделува на 28 февруари. Меѓу номинациите се и оние за најдобар филм и најдобар режисер.