Поради високата температура и омалаксаност, Џорџ Мајкл морал да ја прекине својата европска турнеја, а веќе неколку дена се борел со симптомите на грип. Неговиот портпарол потврдил дека популарниот пејач бил префрлен во болница, каде било востановено дека има запаление на плуќата.
Неговата служба за односи со јавноста кратко соопштила дека концертите во Виена, Стразбур и Кардиф се откажани. Тој бил хоспитализиран во Виена. Одложените концерти ќе бидат префрлени на делот од турнејата која е планиран за следната пролет.