Џорџ Мајкл завршил во полиција. Пејачот близу Беркшир со својот “Range Rover” се забил во еден камион. Приведен е во станица бидејќи возел со брзина поголема од 150 км на час, а бил и под дејство на алкохол и дрога.


Возачот на камионот рекол дека помислил оти Мајкл погинал. Десет минути не излегувал од автомобилот. Потоа му пришол на возачот и го запрашал дали ќе го превезе. Овој го одбил, а Мајкл се обидел насила да влезе. Кога сфатил дека камионџијата нема да попушти си заминал.