Славниот пејак Џорџ Мајкл се пријави во тајност во најскапата клинија за одвкнување од зависности во Швајцарија, откако неколку пати му се слошило додека бил во својата куќа. Наводно со години пушел и по 25 џоинти на ден, а повеќе пати бил апсен токму поради поседување наркотици.

 

Самиот се пријавил во луксузината клиника за одвикнување од алкохол и дрога во гратчето Золикон. На оваа клиника дел од третманот сочинуваат и психотерапија, масажа, јога и духовно советување, а бидејќи важи за една од најлуксузните, месечен престој во неа чини 300 илјади американски долари.