Пејачот Џорџ Мајкл се здобил со полесни повреди после сообраќајка која се случила на автопат, соопштил неговиот портпарол. Во соопштението било наведено дека несреќата се случила во четвртокот ноќта и дека пејачот се здобил со површински посекотини и модринки.

Во последниве неколку години пејачот имал бројни инциденти во сообраќајни несреќи. Како што пренеле медиумите, сударот се случил на патот М1, а другиот човек кој бил вклучен во него бил одвезен со хеликоптер во болница поради повреди на главата.