Овие дена пејачот Џорџ Мајкл требало да одржи концерт во Лондон, но добил некаква вирусна инфекција. Пејачот имал висока температура и поради омалаксаност едвај можел да стане од креветот.
Од таа причина морал да го откаже концертот во Лондон. Лекарот го советувал да земе поголем одмор. Турнејата ќе ја продолжел дури откако ќе закрепнел и ќе му ојачал имунитетот. Џорџ изјавил дека е разочаран бидејќи нема да настапи пред најдрагата публика.