Џорџ Мајкл минатата седмица отпатувал во Австралија. Пејачот купил куќа во Сиднеј за 4,5 милиони евра. Куќата има пет спални соби и поглед на Тасманиското Море. Покрај оваа, Џорџ Мајкл има куќи уште и во Лондон и Лос Анџелес.


Неодамна добил понуда да биде член на жирито на шоуто “X Factor” во САД. За овој проект, доколку би се согласил, би добил плата од околу милион евра. Ако ја одбие работата неговото место ќе го заземе Мик Џегер. Откако пред неколку месеци излегол од затвор, пејачот многу ретко се појавува во јавноста.