Џорџ Мајкл во затворот пристигнал во вторникот наутро. Дошол во лисици, а на себе имал сиво одело. Веднаш го соблекле гол за да пребараат дали во себе носи дрога. Му дале затворска униформа, а морал и да го извади сиот накит. Личните предмети ќе му бидат вратени дури откако ќе ја отслужи казната. Пејачот во затворот има ист третман како и останатите затвореници.
Бидејќи е пушач, добил ризли за да може да пуши во ќелијата. Поради негова сигурност бил сместен во самица. Има право на девет минути телефонски разговори секоја седмица. Во четвртокот го посетил неговиот партнер Кени Гос со адвокатите. Кени и Џорџ поминале некое време сами во приватна соба.