Британскиот пејач Џорџ Мајкл ги откажал сите концерти во Австралија во рамките на својата турнеја „Симфоника“, а како причина ги навел нападите на страв, со кои се борел откако минатата година бил излекуван од акутно запаление на белите дробови, од кое за малку ќе умрел. Пејачот рекол дека со тешко срце ја откажува турнејата, која минатата година била одложена поради болеста, а требало да започне на 10 ноември во Перт.

Тој објаснил дека погрешно верувал дека музиката и настапите ќе му бидат доволна терапија. Не сватил дека оваа година ќе му биде толку тешка. Пејачот рекол дека ќе ги послуша советите на лекарите и дека ќе оди на лекување штом ќе ја заврши турнејата во Велика Британија.