Џорџ Мајкл бил осуден на два месеци затворска казна поради возење под дејство на марихуана и предизвикување сообраќајна несреќа. Пејачот со својот Ренџ Ровер се забил во ѕидот на едно фотографско студио во северен Лондон.


Во моментот на судирот не бил пијан, но му била пронајдена марихуана, чија состојка по направените тестирања била пронајдена и во неговата крв. Откако на првото рочиште од судењето ја признал вината, му била одземена возачката дозвола на шест месеци.