Џорџ Клуни ќе глуми во филмот „Фирентински монструм“ за мистериозниот сериски убиец кој меѓу 1974 и 1985 година на најсвиреп начин убил седум парови, кои се наоѓале во своите автомобили на излетничките места во близината на Фиренца. Клуни ќе го игра ликот на Даглас Престон, американски писател кој живее во Фиренца и кој 2008 година заедно со италијанскиот репортер Марио Специ напишал бестселер по кој ќе се снима филмот.


Престон и Спеца се здружиле со намера да го расветлат случајот стар три децении и откриле дека човекот кој бил обвинет за убиствата не е вистинскиот убиец, туку син на познат сицилијански криминалец. Нивната истрага ги иритирала локалните власти, па во една прилика се нашле во затвор поради опструкција на правдата.