Славниот заводник Џорџ Клуни изгледа ужива со новата девојка, а камерите во Њујорк го снимиле насмеан и добро исончан. Славниот актер и продуцент Џорџ Клуни во кратко време ја освоил убавата британска 36-годишна адвокатка Амал Аламудин.
Интензивно се дружеле а биле и заедно на одмор во ЅТанзанија. Парот уживал на сафари, а видени се и како се држат за рака во еден ресторан во Њујорк. Извор за списанието Пипл рекол како сега е со жена која е многу успешен адвокат. Таа не е некој кој е во потера по слава или кариера во шоубизнисот и била на негово ниво.