Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни бил ослободен од затвор откако платил казна од 100 долари. Клуни бил уапсен пред амбасадата на Судан во Вашингтон за време на протестот поради одлуката на Судан да ја блокира хуманитарната помош. Клуни, неговиот татко Ник, неколку членови на конгресот и други демонстранти ги игнорирале трите полициски предупредувања да ја напуштат околината на амбасадата. Полицијата потоа ги уапсила, им ставила лисици и ги одвела со комбе на тајната служба.
Пред да биде уапсен, Клуни на насобраните им рекол дека сака да привлече внимание кон тоа прашање, бидејќи тоа бил единствениот начин нешто да се направи и да му се помогне на народот на Судан. Тој протестирал поради одлуката на суданските власти да спречат хуманитарната помош да стигне до Дарфур, градот во кој нивната војска се бори против бунтовниците.