Славниот актер наскоро би можел да и каже збогум на глумата и да се посвети на нова кариера. Американскиот актер Џорџ Клуни, кој неодамна се вери со биратанската адвокатка Амал Амалудин, би можел наскоро да заплови во водите на политиката.
Дружењето со политичките моќници не му претставува новост, бидејќи е добар пријател со претседателот на САД Барак Обама. Актерот е близок до американската Демократска партија, а познат е и по својот долгогодишен политички активизам. Пријател на актерот рекол дека голема желба му е да се вклучи во кампањата на Демократската партија за изборите во 2016 година.