Славниот актер составил договор во кој пишува дека неговата идна сопруга Амал Аламудин ќе доби милион долари доколку се разделат за помалку од година дена, додека за секоја следна година сумата расте. Како би го заштитил богатството кое се проценува на околу 160 милиони долари, Џорџ Клуни со својот адвокат веќе составил предбрачен договор.

 

Неодамна ја запросил својата девојка, која сеуште не го потпишала договорот. Во него стои дека доколку се разведат во првата година таа ќе добие милион долари, а за секоја наредна година од бракот сумата ќе расте, но точниот износ не е познат.