Холивудскиот заводник Џорџ Клуни ќе ја има главната улога во новата кампања на претседателот Барак Обама. Актерот ќе биде домаќин на забава на која ќе се собираат пари за Обама.

Забавата ќе биде организирана на 10 мај во домот на Клуни во Лос Анџелес, а следбениците на Обама ќе имаат можност да се запознаат и со претседателот и со актерот. Џорџ Клуни неодамна се сретнал со претседателот Обама во Белата Куќа, како би разговарал за хуманитарните кризи во Судан.