Актерот Џорџ Клуни признал дека не е баш горд на своите улоги од младоста. Холивудскиот убавец признал дека во минатото направил многу грешки. Според него глумел во ужасни телевизиски серии и грозни филмови, а кога некој негов филм ќе доживеел неуспех, сакал само да се сокрие зад некој камен.
За американските медиуми открил дека тајната на успехот е во тоа да знаете како да се носите со работите кога ќе тргнат на лошо. Рекол дека најлесно на светот е да се ужива во кариерата кога е во нагорна линија, но вистинскиот тест бил кога ќе започнат проблемите.