Џорџ Клуни за време на престојот во Судан, на почетокот на месецов, се разболел од маларија, но во меѓувреме потполно се опоравил, изјавил неговиот портпарол Стен Розенфилд. Како што пренесуваат медиумите, познатиот актер често ја посетува оваа африканска земја како би го свртел вниманието на јавноста за судирот во Дарфур, област на југот од земјата.
Розенфилд рекол дека ова е втор пат како актерот се среќава со маларијата. Неговото искуство само покажува дека со адекватно лечење и најопасно заболените од оваа болест можат да поминат со десет лоши дена, наместо да се соочат со смртта.