Романсата помеѓу Клуни и Каналис наскоро би можела да доживее крај, бидејќи старлетата му здодеала на холивудскиот заводник, барем така тврдат нивните пријатели. Единствената причина поради која формално сеуште се во врска е тоа што Клуни не знае како да се реши од Елизабет.
Близок пријател на актерот изјавил дека го заморувало нејзиното однесување. Постојано била нервозна и несигурна во себе, а за такво нешто немало потреба, бидејќи тој никогаш не и дал повод таа да биде љубоморна. Италијанската старлета моментално се наоѓа во Кан, а најголем дел од времето минува во друштво на модниот креатор Роберто Кавали.