Џорџ Клуни и Амал Аламудин во брачните води запловија пред три месеци, но, се чини дека не им цветаат рози. Иако пред неколку седмици на големо се зборуваше дека парот планира дете, светските медиуми почнале да пишуваат дека на повидок е развод. Наводно парот во последно време толку се кара што нивните пријатели зборуваат дека наскоро би можело да дојде до прекинување на врската која неодамна ја крунисаа со брак.
Извор близок до парот рекол дека Амал и Џорџ нема да успеат. Се караат и на сите им се чини дека најпознатиот светски ерген едноставно требало да остане ерген. Според пријателите, нема шанси нивниот брак да потрае. Неодамна американските медиуми пишувале дека Џорџ сака дете, но дека Амал сакала уште малку да причека, барем една година како би можела да ужива во бракот.