Холивудскиот актер Џорџ Клуни во едно интервју ги открил своите причини поради што сеуште не застанал на лудиот камен. Бидејќи неодамна раскинал со Стејси Кеблер, новинарите го запрашале поради што не се оженил, а тој на тоа одговорил дека сеуште не ја нашол љубовта на својот живот. Клуни рекол дека според него најубави жени се Одри Хепберн и Грејс Кели.

Тој рекол дека кога бил дете бил вљубен во Одри Хепберн. Го гледал филмот „Празник во Рим“ кога имал 11 години и мислел дека таа е најинтелегентната личност која ја видел. И лудо се вљубил во неа. Отсекогаш ја сакал и Грејс Кели. Кога излегла од водата во филмот „Фатете го крадецот“, помислил дека таа е најубавата жена која ја видел. Најпосакуваниот ерген на светот се пожалил дека за време на снимањата најмногу му недостигаат пријателите и семејството и поради тоа бил многу депресивен.