Џорџ Клуни и Амал Аламудин на големо се припремаат за венчавката која ќе се случи во септември. Како и секој иден младоженец, холивудскиот актер планира со своите пријатели да ја прослави ергенската вечер. Пријателите на Клуни едвај дочекале да ја организираат забавата.
Според американските списанија, друштво ќе им прават голем број стриптизети, додека алкохол ќе се точи во реки. Никој не знае како на овој вид прослава ќе реагира идната сопруга на Клуни, но пријателите цврсто одлучиле да го одведат во познатиот стриптиз клуб во Калифорнија, “Spearmint Rhino“.