Најпознатиот ерген на светот, актерот Џорџ Клуни, конечно ќе стапне на олтарот. Популарниот актер одлучил ништо да не препушта на случајот па така организирал се најдобро за своите гости. Големата венчавка ќе се одржи во Венеција, а Оскаровецот организирал дури два луксузни хотели во кои ќе бидат сместени гостите на церемонијата.
Еден од хотелите е “Aman Canal Grande”, додека другиот е “Cipriani” во кој принцезата Дајана редовно отседнувала. Цената на соба во овие хотели се движи од 1000 до 3200 фунти. Гостите со украсни гондоли преку Големиот канал ќе се упатат до величествената ренесансна палата каде церемонијата ќе се одржи. Венчавката е планирана за 27 септември.